По неколкумесечна пауза Филхармонија ја отвора сезоната

Со симболичниот концерт насловен како „Музика на 2 метри“, утре вечер Филхармонија стартува со работа.

Како солисти ќе настапат тенорот Корби Велч (САД) и мецосопранистката Хајке Веселс (Германија). Диригент е Габриел Бебешелеа од Романија, новиот шеф диригент на Филхармонија.

-Исклучително сме среќни што по неколкумесечна пауза повторно се враќаме на сцена. Почетокот на сезона беше навистина тежок, но откако ги изработивме протоколите за заштита можеме конечно да почнеме, во строго контролирани услови кои ќе обезбедат заштита и на музичарите и на публиката. Како што веќе ве информиравме ќе се продава 30 отсто од капацитетот на големата сала или околу 300 билети, вели директорот Виктор Илиески.

Претходна вестЗошто изминатите три дена никој не се тестирал во Центарот за јавно здравје Скопје?
Следна вестСо комарците не успеаја, сега нека прскаат против партиски крлежи