Темно Режим Светло Режим

Посебен режим на сообраќај денес и утре на „Илинденска“ во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека поради подготовки и одржување митинг, почнувајќи од денеска до утре односно до завршувањето на митингот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот.

Како што е соопштено, за сообраќај ќе биде затворен дел од бул.„Илинден“, на потегот од мост „Гоце Делчев“ до бул.„Климент Охридски“, во двата правца.

-Во текот на утрешниот ден, по потреба, ќе бидат затворени и други сообраќајници на поширокото централно подрачје, информира СВР Скопје и  апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се случува настанот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

По терористичкиот масакр во близина на Москва, 16.000 Руси се пријавиле за војска

Следниот Пост

Македонија повторно на ЕП: Убедлива победа во Баку за печат на новиот успех