Home АКТУЕЛНО Поскапува парното во Скопје за 4,51 отсто

Поскапува парното во Скопје за 4,51 отсто

0
Поскапува парното во Скопје за 4,51 отсто

Ново поскапување ќе ги погоди жителите на Скопје, односно поскапува парното. Новата цена ќе биде за 4,51 отсто повисока. Тоа на сметка од 1000 денари значи зголемување од 45 денари, поконкретно на една просечна сметка од 1800 денари во Скопје, зголемувањето е 80 денари, објасни Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

– Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлуки со кои крајната цена за испорачаната топлинска енергија на потрошувачите снабдувани од ЕСМ од бараното зголемување на цената од над 50 %, одобри 4,51%. Со овие одлуки цената за граѓаните останува во опсег стабилна, а трите компании на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија се практично приморани што побрзо да го стават во функција топловодот Беласица за системот да работи економично и во целост да ја користи топлинската енергија од ТЕТО. РКЕ со денешните одлуки, водејќи се од интересот на потрошувачите поставува финансиска рамка и праќа сигнал за максимално економично работење на ќерките фирми на ЕСМ. Со работата на ТЕТО и функционирањето на топловодот Беласица просечна сметка за топлинска енергија изнесува 1 800 денари, без работа на ТЕТО 2 800 денари, што е разлика во цена од 60 %, изјави Бислимоски.

Вкупно 64 000 домаќинства се снабдуваат со топлинска енергија.