Малолетничка е тешко повредена откако била прегазена од автомобил синоќа во Гостивар. Полицијата соопшти дека незгодата се случила околу 21,25 часот на улицата „Светозар Пепоски“ во Гостивар.
-Патничко возило удрило во малолетничка, по што го напуштило местото на настанот. Малолетничката била пренесена во Ургентен центар Гостивар каде од лекар и е констатирана тешка телесна повреда, соопшти МВР.
За настанот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: