Темен режим Режим на светлина

Прегазил малолетничка во Гостивар, па побегнал без да и помогне

Малолетничка е тешко повредена откако била прегазена од автомобил синоќа во Гостивар. Полицијата соопшти дека незгодата се случила околу 21,25 часот на улицата „Светозар Пепоски“ во Гостивар.

-Патничко возило удрило во малолетничка, по што го напуштило местото на настанот. Малолетничката била пренесена во Ургентен центар Гостивар каде од лекар и е констатирана тешка телесна повреда, соопшти МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Се чествува Свети Наум Охридски - Чудотворец

Следна објава
Прилетно сонце над Македонија, но само до петок, повторно доаѓаат облаци и дождови

Сончево и топло со слаб ветер