Путин: Западот и даде на Украина повеќе оружје отколку што вети, ние уништивме се

Целите на Русија во Украина остануваат исти и интервенцијата ќе трае се додека тие не се исполнат изјави рускиот претседател, Владимир Путин кој денес и се обрати на нацијата. Тој потенцираше дека украинската контраофанзива пропаднала со огромен број на жртви на украинската страна.

– Непријателот најави голема контраофанзива. Ништо од тоа никаде не функционираше. Не знам ни зошто го прават тоа. Тие само ги испраќаат своите луѓе да бидат уништени. Тоа е билет во еден правец. Последниот обид беше да се пробијат до левиот брег на Днепар и да се упатат кон Крим. Како резултат на тоа, Киев ги концентрираше артилериските напади на тесниот дел од брегот, а руската воена команда одлучи да го повлече персоналот во шумскиот појас за да избегне загуби. Украинските војници излегоа на брегот, но претрпеа и трпат огромни загуби. И самите вооружени сили на Украина тврдат дека тоа е еднонасочен пат рече Путин, а пренесува „Спутник“.

Првиот човек на Русија вели дека околностите на руските сили се подобруваат на сите фронтови.

Тој соопшти дека Русија планира да инвестира 11,1 милијарди долари годишно во „интеграција и развој“ во делумно окупираните украински региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, кои Путин минатата година ги прогласи за дел од Русија.

Путин додаде дека анектираните украински територии платиле даноци од 170 милијарди рубљи во рускиот државен буџет, тврдејќи дека тоа го сигнализира економскиот живот на регионите откако биле освоени од руските сили.

Според него, Русија со децении се обидува да изгради односи со Украина но поради надворешното влијание во таа земја тоа не било можно.

– По државниот удар во Русија во 2014 година, сфативме дека на Москва нема да и биде дозволено да гради нормални односи со Украина. Западните земји беа гаранти на договорот меѓу владата на Јанукович и демонстрантите, но по кратко време организираа и рушење на легитимната влада. Сето ова доведе до трагедијата што ја доживуваме сега, а Европа немо стои и гледа, нагласи Путин.

Тој потсети дека Русите и Украинците се еден народ.

– Одеса е руски град, сите го знаат тоа, но тие измислија историски глупости, а по распадот на СССР ние се помиривме со тоа, објасни тој.

Според него Западот на Украина и дал повеќе отколку што ветил а руската армија уништила се.

– Западот и даде на Украина се што вети, дури и повеќе од тоа, но ние веќе уништивме 747 тенкови и 2.300 оклопни возила од почетокот на киевската „контраофанзива“, рече Путин.

Како што истакна, мирот ќе дојде кога Русија ќе ги постигне своите цели.

– Зборуваме за неутрален статус на Украина, денацификација и демилитаризација. Во Киев тврдеа дека таму нема нацисти, но кога шефот на киевската администрација му аплаудира на поранешен војник на СС, не е ли тоа знак на нацификација, праша претседателот.

Русија економски доста успешно се справила со предизвиците.

– Најважна компонента е растот на БДП. Годинава таа изнесуваше 3,5 отсто. Растот на преработувачката индустрија е 7,5 отсто. Во Русија, немаше таков индикатор долго време. Дополнително, националниот долг на Русија е намален, државата редовно ги враќа меѓународните кредити и пред крајниот рок. Благодарение на високата консолидација на општеството и стабилноста на финансискиот систем на земјата, Русија се справи со притисокот, истакна Путин.

Шефот на руската држава запрашан за состојбата во Газа изјави дека мора да се спроведат одлуките на ОН за создавање на две држави во овој регион, односно Израел и Палестина.

Претседателот рече дека Русија е подготвена да гради односи со САД и Европа, но „империјалната политика“ го попречува Вашингтон. Според него, условите за воспоставување односи ќе се создадат дури кога Вашингтон ќе почне да ги почитува другите земји и да бара компромиси наместо да прибегнува кон санкции.

Претходна вестМВР ќе набавува налепници „НМК“ за регистарски таблички по цена од 29,5 до 41 денар
Следна вест„Сѐ уште можам нешто да сторам “, нов роман на Фросина Пармаковска