Темен режим Режим на светлина

„Сѐ уште можам нешто да сторам “, нов роман на Фросина Пармаковска

Деновиве излезе од печат новиот роман на Фросина Пармаковска „Сѐ уште можам нешто да сторам “ како книга бр. 226 во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или.

Романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење.. Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој роман се доминантни психологизацијата на главниот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревање на главниот лик од друга страна. Ова е роман за суштинската промена однатре, промена која настапува како резултат на силни и длабоки потреси, искрени соочувања со себеси, долги разговори во себе низ бројни непроспиени ноќи, роман за чудесното, соништата и постојаното поместување на границата помеѓу тие два света: реалното и чудесното.

Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии. Авторка е на романите:Пишувајќи ги изгубените топки, Вишнова хроника, Одбројување ( роман на годината за 2017 г.) и На враќање.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Путин: Западот и даде на Украина повеќе оружје отколку што вети, ние уништивме се

Следна објава

Повеќе од 300.000 бездомници во Англија