Ракометна лекција од Еурофарм Пелистер за Татабања

Ракометниот клуб на Еурофарм Пелистер одигра уште еден извонреден натпревар, можеби и најдобар во сезоната и очекувано славеше против Татабања со 33:20.

Пелистерци одиграа без грешка и ја запишаа втората победа во групната фаза во ЕХФ Европската лига.

Битолчани беа доминантни во двете полувремиња, а од четата на Бабиќ дури 11 ракометари се запишаа во листата на стрелците.

Најефикасен кај Пелистер беше Мараш со шест постигнати погодоци, додека Табадоа и Периќ застанаа на по пет гола. Со оваа победа Еурофарм привремено се искачи на првата позиција на табелата во групата Д.

Претходна вестМинатата недела за 8,9 отсто помалку новозаразени од Ковид-19
Следна вестВелосипедист тешко повреден во сообраќајка во Ѓорче