Темно Режим Светло Режим

Разбојник украл телефон од девојка, полицаец го уапсил на местото на настанот

Скопската полиција поднесе кривична пријава против 51-годишниот Ф.С. од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“, при што стекнал нелегална имотна корист од околу 30.000 денари.

Како што инфомрираат од МВР, на 15. октомври на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје, пријавениот ѝ одзел мобилен телефон на 20-годишна девојка од Куманово.

При извршување на делото, тој бил забележан од полицаец и веднаш бил уапсен, а телефонот ѝ бил вратен на оштетената.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Многу играчи со помал талент, но со многу работа, успеале повеќе од поталентираните

Следниот Пост

Мицкоски повика на лидерска средба за прашањето со Бугарија, пописот, економијата...