Регионот веќе се вакцинира, а на Македонија вакцини ќе и пристигнат во февруари

Во февруари во Македонија ќе пристигнат првите вакцини против корона вирусот на компанијата „Фајзер“, најави министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека ова е резултат на договорот кој бил постигнат директно со компанијата.

-Количината ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини, најави Филипче во објавата на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Следните дози од вакцината на „Фајзер“ ќе пристигнат во март и април. Вакцината на „Фајзер“ е единствената вакцина која има одобрение од двете регулаторни комисии на САД и Европа, ФДА и ЕМА. Вакцината е единствената која ги има поминато сите многу строги контролни механизми на овие административни тела

-Во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата, информира вчера Министерството за здравство.

За потсетување, скоро сите држави во регионот веќе го вакцинираат своето население. Прва тоа го стори Србија, за која нашите политичари милуваат да речат дека е изолирана оти не е во НАТО и подзастана на патот кон ЕУ.

Претходна вестУчениците од денеска на распуст, за министерството не треба да има одмор
Следна вестНа Бит пазар запленети 30.000 парчиња пиротехника