Темен режим Режим на светлина

СДСМ: Обвинителство да ги истражи сите јавни наводи за Мицкоски поврзани со рекет и закани кон бизнисмени

СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

Јавното обвинителство мора по допрен глас да ги истражи јавно пласираните наводи за рекет и закани кон бизнисмени од страна на Христијан Мицкоски. Долгогодишен познат бизнисмен и актуелен градоначалник во јавноста излегоа со ставови кои укажуваат на евентуално незаконско дејствување на Мицкоски, се вели во соопштението од СДСМ.

Од владеачката партија наведуваат дека еден бизнисмен јавно му порача на Мицкоски да престане да му се заканува, додека актуелен градоначалник на една скопска општина излезе со сличен став дека Мицкоски се заканувал кон стопанственици.

Од СДСМ наведуваат дека ова воопшто не се наивни тврдења, особено што со последната пресуда јавноста виде за што е способна ВМРО-ДПМНЕ кога во прашање е крадењето на парите на граѓаните.

-Затоа, надлежните институции, првенствено Јавното обвинителство мора да постапат, да ги истражат овие наводи и со тоа да спречат нов „Талир 2“ нов случај „Плацови на Водно“, се вели во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Премногу е, цените на горивата се и до 113.5 денари, народот плаќа за власта да краде

Следна објава

157 сообраќајни прекршоци во Скопје, 16 возеле без возачка дозвола