Темен режим Режим на светлина

Што по смртта на Ајатолахот Хамнеи, кој би можел да го наследи?

Што по смртта на Ајатолахот Хамнеи, кој би можел да го наследи? Што по смртта на Ајатолахот Хамнеи, кој би можел да го наследи?

Врховниот лидер на Иран, 86-годишниот Ајатолах Али Хамнеи е мртов, а Исламската Република се соочува со најтешката политичка криза од револуцијата во 1979 година.

Тој владееше 36 години, од 1989 година, кога по смртта на Рухолах Хомеини ја презеде доживотната функција врховен лидер. Како највисок авторитет во политичкиот и верскиот систем, тој ги контролираше вооружените сили, безбедносните служби, правосудството и клучните политички одлуки.

Во текот на трите децении на власт ги преживеа студентски протести во 1999 година, масовни немири во 2009, бран побуни во 2019, како и движењето „Жена, живот, слобода“ во 2022 и 2023 година, поттикнато од смртта на Махса Амини во притвор. Секојпат на протестите, режимот одговараше со репресија.

Неговото владеење беше обележано со цврста контрола, поддршка од Револуционерната гарда (IRGC) и трајна конфронтација со САД и Израел. Тој одбиваше да го признае Израел и поддржуваше терористички групи ширум Блискиот Исток.

Откако и Иран официјално ја потврди неговата смрт, прашањето за наследството станува клучно. Според Иранскиот уставот, нов лидер треба да именува Советот на експерти.
Се шпекулира дека синот на загинатиот Ајатолах, Мојтаба Хамнеи е најсериозен кандидат за да го наследи. Тој и досега од сенка управуваше со кабинетот на татко му и ужива силна поддршка од тврдите струи и од Револуционерната гарда, како најмоќна институција во земјата.

И американската ЦИА претходно проценуваше дека во случај на смрт на Хамнеи, власта би можеле да ја консолидираат токму тврдите структури од Иранската револуционерна исламска гарда.

Иранскиот парламент во јануари предупреди дека секој напад врз врховниот лидер би значел „објава на војна на целиот исламски свет“ и би можел да поттикне прогласување џихад.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Ајатолахот Хамнеи загина, објави Иранската државна телевизија

Ајатолахот Хамнеи загина, објави Иранската државна телевизија

Следна објава
Шест авиони, дополнувачи на гориво во воздух упатени кон Блискиот Исток – САД се подготвува за вториот удар

Шест авиони, дополнувачи на гориво во воздух упатени кон Блискиот Исток - САД се подготвува за вториот удар