Темен режим Режим на светлина

(Видео) Велика Британија и дозволи на САД да ги користи нејзините бази во Персискиот залив

(Видео) Велика Британија и дозволи на САД да ги користи нејзините бази во Персискиот залив (Видео) Велика Британија и дозволи на САД да ги користи нејзините бази во Персискиот залив

Велика Британија, Франција и Германија во заедничко соопштение во врска со ситуацијата на Блискиот Исток, иранските ракетни напади ги опишаа како „неселективни и непропорционални“ и порачаа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.

Во соопштението се наведува дека тие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат овозможување неопходни и пропорционални одбранбени мерки со цел уништување на иранските проектили и дронови на нивниот извор.

Лидерите се согласија дека во тоа ќе соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.

Во моментот на објавување на соопштението, британското Министерство за надворешни работи соопшти дека за помош во амбасадите во земјите од Персискиот залив се пријавиле 94.000 британски државјани.

Британскиот премиер Кир Стармер објави видео-порака на социјалните мрежи. Тој потврди дека неговата земја се уште не е вклучена во актуелните американско-израелски напади врз Иран. Сепак, нагласи дека Британија презема одредени одбранбени чекори во координација со сојузниците.

„Нашите партнери во Персискиот Залив побараа од нас да направиме повеќе за да ги одбраниме и моја должност е да ги заштитам британските животи. Британски авиони учествуваат во координирани одбранбени операции и веќе успешно пресретнаа ирански напади. Но единствениот начин да се запре заканата е да се уништат проектилите на нивниот извор – во складиштата каде што се чуваат или на лансерите од кои се испукуваат. САД побараа дозвола за користење на британски бази за таа конкретна и ограничена одбранбена цел. Донесовме одлука да го прифатиме тоа барање, со цел да го спречиме Иран да испукува проектили низ регионот, да убива недолжни цивили, да ги доведува британските животи во опасност и да таргетира земји кои не учествувале“, изјави Стармер.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Сиљановска-Давкова: Нема зошто да се грижиме во моментов, имаме резерви и систем за рано предупредување

Сиљановска-Давкова: Нема зошто да се грижиме во моментов, имаме резерви и систем за рано предупредување

Следна објава
150 македонски граѓани се обратиле за помош во амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби

150 македонски граѓани се обратиле за помош во амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби