Вкупно 975 прекршоци од страна на граѓаните со неносење на заштитна маска на лице забележала полицијата во изминатово деноноќие. Тоа е значително поголема бројка од просекот во изминативе денови. Казна за овој вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност.
Во полицискиот извештај се наведува дека на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација.
-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, се наведува во информацијата.