Сончево и умерено ветровито, кон крајот на денот со услови за дожд

Времето во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со силен ветер, над 60 km/h. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 21 степен.

И во останатиот дел од Македонија времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер над 70 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Метеоролозите најавуваат и во понеделник повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер, над 70 km/h.

Претходна вестВанковска: Договорот со Бугарија може да се раскине со обична нота, ние сакаме добрососедство, но не под услови тие да ни кажуваат…
Следна вестНаправеното на главниот плоштад не се одржува, а не пак недоизграденото да се заврши