Состојбата на Талат Џафери е стабилна, велат од неговиот кабинет

Состојбата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, е стабилна, информираат од неговиот кабинет.

Додаваат дека со оглед на интензивните активности што ги имал во текот на изборната кампања, по препорака на лекарите неопходен му е одмор и мирување.

Од кабинетот напоменуваат дека тој направил неколку тестови на Ковид-19 и сите биле негативни.

Џафери е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Според Уставот, тој треба да ја закаже конститутивната седница најдоцна до 4 август.

Претходна вестДонација од дронови и термална камера за потребите на Град Скопје
Следна вестКривична против битолчанка за малтретирање на сопствените малолетни деца