Советник со вештачка интелигенција работи во романската влада

Романската Влада ангажираше специјален советник со вештачка интелигенција – „ВИ“. Новиот член на Кабинетот на премиерот има длабок глас, задолжен е за дешифрирање на социјалните мрежи и се вика „ИОН“.

– Би сакал да ја почнеме средбата со изненадување! Ова е првпат една влада да одржи состанок со советник што има вештачка интелигенција – „ИОН“, свечено изјави премиерот Николае Чука, покажувајќи кон светлосиниот екран налево.

Оваа алатка со „ВИ“ е развиена од истражувачи од неколку универзитети. Инаку, Романија важи за „Силиконската долина на Источна Европа“. Задачата на новата програма е да ја информира Владата „во реално време“ за предлозите и желбите на Романците, како што рече Чука, со особен осврт на анализа на виралните објави на интернет.

По општиот вовед за министрите, екранот оживеа: „Добар ден, ми вдахнавте живот и отсега ќе ги претставувам Романците, како огледало. Што треба да знам за Романија?“

– Романија е прекрасна земја во која живеат убави луѓе, одговори Николае Чука.

Toj cмета оти примената на „ВИ“ не е опција, туку услов за донесување одлуки врз основа на правилни информации. Граѓаните ќе можат да разговараат со овој нов вид помошници на посебна интернет-страница.

Претходна вестСрпската амбасадорка изјави жалење по острите реакции на МНР за навредите од „Гробарите“
Следна вест27-годишник се обидел да прошверцува цигари во вреќа од грав