Темно Режим Светло Режим

Србија втора во Европа според бројот на вакцинирани на милион жители

Соседна Србија успешно се снаоѓа во времето кога тешко се наоѓа вакцини за вирусот. Имено, до сега, 375.320 граѓани биле вакцинирани против корона вирус во оваа држава.

Србија сега е втора земја во Европа според бројот на вакцинирани граѓани на милион жители, пишува „Танјуг“.

Велика Британија е на првото место. По Србија следуваат Малта, Исланд, Данска, Романија, Словенија и Шпанија.

Advertisement

Кога станува збор за регионот, Србија е прва според бројот на вакцинирани на милион жители, по што следуваат Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.

Според вкупниот број на вакцинирани во регионот, Романија е прва, со 570.704 вакцинирани лица.

Да потсетиме, во Македонија се уште нема пристигнато никаква вакцина. Властите уверуваат дека брзо ќе дојде.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Во Скопје казнети 155 возачи, осуммина возеле без возачка дозвола

Следниот Пост

Историски најлошо рангирање на Македонија според индексот на корупцијата