Стартува конкурсот за третиот меѓународен фестивал на краток филм „ФИЛМАЈ 2021“ организиран под капата на Фото-кино клуб „Козјак“ Куманово, соопштија, денеска од клубот. Право да се пријавуваат имаат кратки играни и документарни филмови со траење до 20 минути, а ќе може да се пријават и експериментални филмови (изземајќи ги анимираните) – сите да се завршени после 1 јануари 2018.
Пријавувањето за учество е преку платформата FilmFreeway а ќе трае до 15 март, идната година.
На конкурсот ќе се доделат четири награди , „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија, „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија, „Козјак“ за најдобро сценарио, награда за најдобар македонски (домашен) филм.