Темен режим Режим на светлина

Субвенции за адаптација на домови за лица со попреченост во Општина Битола

Општина Битола ангажира лица со средно образование за доставување документи Општина Битола ангажира лица со средно образование за доставување документи

Општина Битола објави јавен повик за искористување на средства за адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лицата со попреченост до и во нивниот дом.
Согласно програма за социјална заштита на општина Битола во делот на адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лицата со попреченост до и во нивниот дом, односно адаптација, изградба или поставување на инфраструктура и опрема при адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лицата со попреченост до и во нивниот дом, преку субвенционирање на трошоците, во целост или делумно, за овозможување непречено движење и функционирање на индивидуата.

Искористувањето на средствата е согласно Правилник за искористување на средства од програма за социјална заштита на Општина Битола за 2026 година во делот на инфраструктура за лица со попреченост во домот на лицата кој што заинтересираните лица можат да го најдат на веб страната на Општина Битола.

Потребната документација и условите за пријавување може да се виде во самиот правилник или да се подигне од Општина Битола Бул. „1-ви Мај“ бр.61 на шалтер број 1.
Периодот на пријавување е отворен во текот на цела година до целосно искористување на средствата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Општина Битола започна изградба на ново спортско игралиште во „Стрелиште“

Општина Битола започна изградба на ново спортско игралиште во „Стрелиште“

Следна објава
САД не исклучуваат воени опции, но копнена интервенција не е на маса

САД не исклучуваат воени опции, но копнена интервенција не е на маса