Темен режим Режим на светлина

Судски совет по упадот во М-НАВ: Судовите се независни во одлучувањето

Судскиот совет со соопштение ја информира јавноста дека ја следат работата на судовите, а во врска со реакциите во јавноста за случајот со упадот во Контролата на летање.

– Во врска со последните реакции на јавноста за случајот М-НАВ Судскиот совет ја известува јавноста дека судовите се независни во своето постапување и одлучување, а Судскиот совет во рамките на своите законски надлежности ја следи работата на судовите, информираат од Судскиот совет.

Викендов Јавното обвинителство побара, ама Кривичниот суд не одреди притвор за Беким Незири од ДУИ и за останатите насилници од М-НАВ, кои во четвртокот упаднаа во Контролата на летање и нападнаа контролори. За мерките одлучуваа судиите Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ, кои на насилниците им одредија мерки на претпазливост.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ахмети: Албин Курти се меша во внатрешните работи на Албанците во Македонија

Следна објава

Македонија на отворањето на ЕП против Франција, на стадион пред 50.000 луѓе!