Тепачка и превртени столчина во албанскиот парламент

Денес повторно имаше тепачка меѓу пратеници на власта и опозицијата во Собранието во Албанија, објавија албанските медиуми. Пратениците од демократската партија претходно влегоа во салата, ги собраа сите столчиња, натрупувајќи ги пред собранискиот под.

Тие ги обвинуваат социјалистите дека им е ускратено уставното право да формираат истражни комисии или да назначуваат претставници на опозицијата во Комисијата за изборни реформи. Отворено изјавија дека „нема да има нормален развој на работата на парламентот, сѐ додека не се почитуваат правата на опозицијата“.

И покрај напорите на опозицијата да ја блокира работата, социјалистите избраа да стојат, додека претседателот на Собранието забрзано ја водеше процедурата за одобрување на точките од дневниот ред. Од собраниската говорница демократскиот пратеник Ервин Салијањи запали неколку цигари една по друга. Редарите неколку пати се обиделе да го изнесат од салата.

Претходна вестПо 10 години, се чекаше пуштање на патот Кичево – Охрид, но премиерот сега размислува за раскинување на договорот со градителот
Следна вестДржавјанин на Албанија ја нападнал поранешната партнерка во Струга