Темен режим Режим на светлина

Тешка несреќа на патот кон Љуботен, во сударот на три возила повредени 12 лица

Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

Вкупно 12 лица се повредени во сударот на три возила што се случил вчера попладне на патот за скопското сло Љуботен.

МВР информира дека вчера во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за скопското село Љуботен се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(61), од Љуботен, патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.М. (54) од скопското село Ласкарци, и патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.И. (19) од Љуботен.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фолксваген голф“ Џ.М. (55) од Љуботен, а тешко биле повредени и тројцата возачи и осумтемина сопатници од возилата „форд“ и „фолксваген голф“, од кои тројца се малолетни, според констатацијата во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, соопшти МВР.

Увидна екипа од СВР Скопје извршила увид.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Тешко повредена скопјанка, била прегазена на паркинг

Следна објава

ДИК го утврди редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче