Тешка сообраќајка во Трубарево, прегазено дете и мотоциклист

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска околу 13 часот во скопско Трубарево. Според засега непотврдените информации загинале мотоциклист на 40 годишна возраст, а дете на возраст од околу 10 години на повредите им подлегнало во болница. Повредено е уште едно лице.

До сообраќајната несреќа дошло кога врз лицата налетало возило марка БМВ.

Сведоци на несреќата велат дека лекарите од итната помош очајно кревале раце кога ги виделе жртвите како лежат на улицата. Тамошните жители бараат на оваа улица во населбата е потребно почесто да е прусутна сообраќајната полиција, зашто се вози пребрзо и не се почитуваат пешаците.

Претходна вестВелешанец тешко повреден во експлозија на плинска инсталација
Следна вестСедуммина починати и 383 нови случаи на корона вирус во Македонија