Велешанец тешко повреден во експлозија на плинска инсталација

Четириесет и осумгодишен велешанец е тешко повреден во експлозија од неисправна плинска инсталација, која настанала ноќеска во неговиот стан на ул.„Христо Татарчев“ во Велес.

Притоа, предизвикана е материјална штета во станот, зградата и паркираните возила пред зградата, а сопственикот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес.

Увид извршила екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестАрсовски: Евидентна е приватната блискост меѓу Димова и сопственикот на фризерницата кој доби 270.000 евра
Следна вестТешка сообраќајка во Трубарево, прегазено дете и мотоциклист