Темен режим Режим на светлина

Три автомобили изгореа во Скопје

Три возилам синоќа изгореа во Скопје.

Во СВР Скопје синоќа во 21.45 часот е пријавено дека на ул.„Воин Драшкоци“ во Скопје настанал пожар во автомобил „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, на В.Д.(32) од Скопје.

Во 23.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„23 Октомври“ во Скопје настанал пожар во автомобил„цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.С.(38) од Скопје, од кој е зафатен и автомобил „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.С.(77) од Скопје. И во двата пожари нема повредени лица. Противпожарните екипи ги локализирале пожарите. И во минатото имало вакви случаи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ранет млад скопјанец, итно пренесен во болница

Следна објава

Облачно со врнежи кои попладне ќе бидат пообилни