Темен режим Режим на светлина

Облачно со врнежи кои попладне ќе бидат пообилни

Во Македонија под влијание на циклонска активност времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 25 л/м2 за 24 часа).

Локално ќе биде нестабилно со поинтензивен пороен дожд и грмежи (над 30 л/м2 за 12 часа), особено во југоисточните и источните делови од земјава.

Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни и поројни.

Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено претпладне.

Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 15 степени

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Три автомобили изгореа во Скопје

Следна објава

203 санкционирани возачи во Скопје, 36 за брзо возење