Три тони кокаин превезувани во подморница запленети во Колумбија

Три тони кокаин во вредност од 87 милиони долари, неодамна запленила колумбската морнарица на брегот на Тихиот океан. Покрај кокаинот  биле пронајдени и две лица во многу лоша здравствена состојба, на кои им била пружена итна медицинска помош.

– Лошата здравствена состојба на овие луѓе најверојатно е резултат на вдишување токсични испарувања предизвикани од проблемите со горивото на подморницата, изјави капетанот Кристијан Андрес Гузман Ечевери во видеото објавено  на социјалната мрежа Твитер.

Петнаесет метарската подморницата  превезувала речиси три тони кокаин во вредност од над 87 милиони долари, а морнарицата објави дека бродот бил наменет за земјите од Централна Америка.

– Колумбиската морнарица ќе продолжи да ги користи сите свои способности за да го запре злото на трговијата со наркотици, потврди Ечевери.

Ова не е прв случај колумбиската морнарица да заплени големо количество на дрога. Минатата година запленила полупотопен брод со четири тони кокаин во вредност од околу 150 милиони долари. Во 2019 година пак, нарко-подморницата стигна до бреговите на Северна Америка, каде американската крајбрежна стража ја запленила. Подморница превезувала речиси шест тони кокаин во вредност од над 165 милиони долари.

 

Претходна вестМакедонецот кој не става високо на светската тенисерска листа: Калин Ивановски
Следна вестУкраден дел од споменикот на Орце Николов во Градскиот парк во Скопје