Македонецот кој не става високо на светската тенисерска листа: Калин Ивановски

Русокосото момче од Скопје, кое полека, но сигурно ја испишува тениската историја на Македонија, напредува од ден во ден. Калин Ивановски има 18 години и веќе станува тениски ас, кој се наоѓа на 477 место на Асоцијацијата на Тениски Професионалци – АТП листа.

Неговиот талент, силна работа и тренинзи ветуваат дека тој уште ќе расте на светската тенисерска листа. Многумина познавачи на белиот спорт веруваат во негов многу поголем успех.

Она што е можеби малку познато за Ивановски е тоа дека почнал да игра тенис на само четири години, а професионално на 9, по што заминал во Виена каде започнал со тренинзи раководен од професионални тренери. Токму таму Калин го почнува своето професионално патување во светот на тенисот кое претрпува многу промени, од местото на живеење и школување па се до промена на учителите.

Резултат на неговиот труд е успехот кој Калин го постигна за само неколку години. Тој е прв македонски тенисер кој успеа да се искачи на светската јуниорка ранг – листа, но забележи и одличен успех на листата на најдобрите светски тенисери и тоа со само 18 години.

Неговите високи дострели во тенисот веќе не се сон туку реалност, на кој секојдневно напорно работи, а не крие дека од најдобрите  светски спортисти, пример му е Ѓоковиќ.

– Најмногу го почитувам Новак Ѓоковиќ затоа што е ментално силен, и не се срами да покаже дека има став. Баш го има она нашето, балканското, истакна Калин во едно свое интервју.

Нема сомнеж дека на Калин му претстои блескава иднина во тенисот. Она што преостанува е тој цврсто да чекори кон успехот како и до сега. Сонот да биде еден од најдобрите тенисери во светот, за кој сонува уште како мал, е остварлив. Само треба да го искористи талентот и да тренира напорно.

 

Претходна вестОблачно и студено време, на повисоките места врнежи од снег
Следна вестТри тони кокаин превезувани во подморница запленети во Колумбија