Нова пракса во новиот парламентарен состав. Имено, пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, пристигнаа со велосипеди на денешната собраниска конститутивна седница.
-Денес, првпат во историјата на Македонија, претставници на угнетената класа станаа полноправни членови на законодавниот дом! Нашата искрена и бескомпромисна борба за праведна и слободна Република Македонија – градена со автентичен политички активизам – денес доби парламентарен облик преку кој ќе поставиме нови стандарди на политичко дејтсвување. Борбата за правда е долга и племенита – и таа допрва почнува!, напишаа од партијата Левица на нивниот фејсбук-профил.
Да се надеваме дека ова ќе биде постојата пракса на овие двајца пратеници, а и показател за другите пратеници дека треба да заврши времето кога си ги полнеа џебовите со многу екстра пари за патни сметки.