Ученичка во скопска Кисела Вода, покрај книгите во ранецот носела марихуана

Во ранец на ученичка во скопска Кисела Вода била пронајдена марихуана. Малолетничката е предадена на родителот, за случајот е известен јавен обвинител.

– На 09.11.2023 во 18.30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода е лишена од слобода 17-годишна малолетничка, кај која при преглед во ученички ранец, извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, пронајдена е и одземена марихуана. Во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетничка деликвенција со неа е извршен службен разговор во полициска станица, во која таа го појаснила делото, информираат од МВР.

Малолетничката е предадена на родителот, за случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестМеѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“
Следна вестДостојна на своето херојско семејство: Вера Ацева го креваше востанието во 1941 година, беше градоначалник на Скопје и министер кој се залагаше и за отворање на детски градинки