Темен режим Режим на светлина

Уставен суд формира предмет за прекувремената работа на автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“’

Уставниот суд оформи предмет во кој ќе ја разгледува уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи и оспорените членови 1,2 и 3 во иницијативата која ја поднесе Хелсиншки комитет за човекови права.

Собранието во мај усвои повеќе законски измени со кои ќе им се олесни и забрза работата стратешкиот партнер за изградба на кордорите 8 и 10д, американско-турскиот конзорциум “Бехтел и Енка“, меѓу кои и измените на законот за работни односи со кои се овозможи прекувремена работа. Тоа беше втор обид да се овозможи прекувремена работа на градежниците на автопатите, откако лани во мај Уставниот суд укина една измена на законот со кој работната недела беше утврдена на 60 часа неделно.

Од Уставниот суд издвојуваат дел од наводите во иницијативата:

-Се наведува дека со оспорените членови се напушта нивото на заштита кое го нудат позитивните законски прописи и меѓународните конвенции и е обид да се наметне механизам за заобиколување на веќе поставените правила. Подносителите наведуваат дека се создава опасност од нееднаков третман на работниците и дискриминација од страна на министерот за финансии, кој во согласност со министерот за труд и социјална политика, го пропишува начинот и местото на исплата на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење утврдено со закон, наведува Уставниот суд.

Во иницијативата на Хелсинсшки се наведува дека со оспорените членови се напушта нивото на заштита кое го нудат позитивните законски прописи и меѓународните конвенции и е обид да се наметне механизам за заобиколување на веќе поставените правила.

-Подносителите наведуваат дека се создава опасност од нееднаков третман на работниците и дискриминација од страна на министерот за финансии кој во согласност со министерот за труд и социјална политика, го пропишува начинот и местото на исплата на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење утврдено со закон. Дополнително оспорениот член со кој се предвидува исклучок од траењето на прекувремената работа подолго од 8 часа неделно и 190 часа годишно за работење на проекти од стратешко и национално значење според подносителите создава правна несигурност и простор за толкување и манипулација со вкупното времетраење на прекувремената работа без да се утврди горна граница, стои во иницијативата.

Предметот е предаден на работа кај тимови од советници и судии и е во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативата и ќе оформи реферати кои ќе содржат предлози за гласање на седница.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Блокиран патот Куманово – Крива Паланка по сообраќајка

33-годишна жена и малолетник загинаа во тешка сообраќајка

Следна објава

Груби најде објаснување за колоните на патот  Скопје – Блаце, не се почитувала патната сигнализација