Темен режим Режим на светлина

Пожар избувна во близина на Дојран, тргнаа три авиони да го гасат

Пожар избувна и зафати нискостеблеста шума и сува трева во месноста викана Брдаров камен кај Дојранското езеро.

– Денес окопу 11.00 часот во месноста викана Брдаров камен веднаш до препумпната станица на хидросистемот Дојранско езеро избувна пожар во нискостеблеста деградирана шума и сува трева, информираат од Центарот за управување со кризи.

Поради опасност пожарот да се прошири кон ветерниот парк Богданци, три Ер Трактори на ДЗС полетале за да им помогнат на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија, појаснуваат надлежните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Груби најде објаснување за колоните на патот  Скопје – Блаце, не се почитувала патната сигнализација

Следна објава

Потрагата по исчезнатото момче кај браната Глажња ќе продолжи се додека не се најде телото