Привремено нема да има графа за етничка припадност во изводите од матичните книги на родени, одлучија денеска уставните судии. Тие донесоа одлука со која привремено го стави надвор од употреба упатството на министерот за правда Кренар Лога, со кое се издава извод на родени во кој има графа за етничка припадност.
Уставните судии изразија сомнеж во уставноста на ова упатство и покренаа иницијива за проверка на законитоста. Додека одлучат за упатството на министерот, ќе важи времената мерка, односно во изводите нема да се става графата за етничка припадност.
Основната причина за поведување на постапка е пречекорување на рокот за потпишување – од потпишување, до објава во Службен весник.
Седницата на уставните судии ја следеше и министерот за правда Лога од публика, а тој за попладне најави и конференција за печат.




