Темен режим Режим на светлина

Утре дожд, на планините снег

Облачно и дождливо цела следна недела Облачно и дождливо цела следна недела

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени, информира УХМР.

Во Скопје, ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

В недела и в понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15л/м2 за 24 часа).

На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено утре и в понеделник.

Од вторник времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ЦУК откри системски пропусти, но не и идувидуална одговорност за (не)спасувањето на жителот на Емирица

Следна објава

Жители на „Градски ѕид“: Ќе тужиме во Стразбур ако се дозволи градење на 20-катниците