ВМРО-ДПМНЕ: СДС потпиша договор за добрососедство, а односитe со Бугарија никогаш не биле полоши

За СДС е успех што успеале да организираат настан, кој со децении се организира, воодушевени од себе и сами се фалат со соопштенија. Очигледно е дека СДС очекуваше друг тек на настаните, особено откако ја понижија Македонија и шират антимакедонско расположение во односите со Бугарија, но народот ги демантираше. Заради СДС Македонија е негирана, понижена и блокирана, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека тоа што полициските службеници си ја вршеле работата на Деве Баир не е резултат на способноста на Ковачевски или некој од СДС, тоа е нивна задача и должност. Од друга страна, наспроти полицијата која е од народот, СДС вчера си го понижи народот и не дозволи да положи цвеќе, оставија стотици на студот, и се изживуваше со граѓаните.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека односите со Бугарија дојдоа до овој степен заради поданичкиот однос на СДС, па имаме изблив на шовинизам од Бугарска страна и јавно ветување награди за откривање на идентитетот на Македонски полицајци, и министри од СДС, како Љупчо Николовски за кој не знаеме дали за пари или затоа што е политички неписмен го објави идентитетот.

СДС има милион причини да се срами, наместо да се фали дека успеале да организираат настан кој пред нив е организиран неколку децении без проблем, се вели во соопштението

Претходна вестУтре во центарот на Скопје посебен сообраќаен режим
Следна вестТешка сообраќајка во кај штипската населба Три Чешми, има загинати