ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов го оставил Скопје во долг од 160 милиони евра

Скопје е презадолжено благодарение на претходниот градоначалник, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму потенцираат дека Петре Шилегов и СДСМ оставиле долг од 160 милиони евра на Град Скопје.

-Градот е до гуша во долгови, а единствениот виновник за тоа  е Шилегов и СДСМ. Само по основ на идни обврска по склучени договори како доспоени и недоспеани обврски има 58.140.165 евра.

Договорите кои ги склучил Шилегов не се единствениот проблем. Дополнително отпочнал постапки за склучување на договори по јавни набавки во висина од 11.377.052 евра. Раскалашеноста на Шилегов и СДСМ се гледа и по 7 договори за заем во висина од 32 милиони евра.

Вкупно по сите основи Шилегов на градот му оставил давачки во висина од 158.196.797 евра.

Дополнително покрај сите овие долгови, Шилегов ги потрошил и парите од продажбата на градската куќа, за кои уште не знаеме каде завршиле, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Претходна вестЏабе планините и снегот, фали организација и работење, затоа Македонците скијаат во Бугарија, Србија…   
Следна вестВо струшки минибус затекнати мигранти од Индија