Во ковид-центрите во Скопје во изминатите 24 часа се хоспитализрани 31 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 476 лица сомнителни и потврдени на Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град на Македонија.
Во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 11 приеми, и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за неврологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија, еден пациент на Кожната клиника и шестмина на ТБЦ.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 12 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 8 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 45 оздравени пациенти.
Во моментот на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија – 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 42 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментот се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести – 11 пациенти, а на ОРЛ има 21 болен. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 44 пациенти.
Вкупно 476 пациенти потврдени и сомнителни на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во
главниот град. Голем дел од нив е на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово, до 8 часот, имало 45 слободни места, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка.