Вооружена престрелка во САД за време на прославата на Ноќта на вештерките, две лица загинаа

Тепачка меѓу две групи заврши со пукање во градот Тампа, Флорида, за време на прославата на Ноќта на вештерките, а две лица загинаа, а 18 се хоспитализирани, соопшти полицијата. Полицијата била принудена да возврати на пукањето во Тампа непосредно пред 3 часот наутро во областа Ибор Сити, изјави началникот на полицијата во Тампа.

Тепачката се случила во простор со неколку локали и клубови, а во тој момент имало голем број луѓе, рече Берко. Полицијата веднаш не била сигурна дали лицата вклучени во тепачката биле во некој од баровите пред пукањето.

На објавеното видео, се гледаат луѓе облечени во облека за Ноќта на вештерките како пијат и разговараат на улица се додека не одекнаа истрели од огнено оружје и луѓето од паника бегаат правејќи вистинско стампедо. Некои од присутните ги превртеа металните маси и се сокрија под нив. На видеото потоа се гледа како полицајци им помагаат на неколку повредени лица кои лежат на земја.

Одекнал и рафал од десет истрели, а по неколку секунди и рафал од околу осум истрели.

– Во оваа борба меѓу двете групи имавме стотици невини луѓе кои им се испречија на патот, соопшти шефот на полицијата.

Тој не соопшти детали за повредите со кои се здобиле жртвите, кои се пренесени во локалните болници.

Еден осомничен се предал на полицијата, а полицијата верува дека има уште најмалку две лица кои пукале од огнено оружје за време на физичката престрелка .

Полицијата се уште ја истражува причината за тепачката меѓу двете групи.

Претходна вестАвтомобил удри во мотор, две лица се тешко повредени
Следна вестУтре ќе се знае новата цена: Парното нема да поскапи повеќе од 5 отсто