Во текот на изминатата недела (08.01.2021 – 14.01.2021 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 168 возила од јавните површини, соопшти денеска Градот Скопје.
-Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 29 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 139 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, се наведува во информацијата.
Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 365 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг- услуга. Од нив, 29 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.