Темен режим Режим на светлина

Забрчанец сменет од пи-ар на Владата, но не си оди

Ана Андреева од денеска ќе биде одговорна за комуникациите и односите со јавност во Владата, на позицијата Секретар за комуникации и јавни политики во рамки на Канцеларијата на премиерот.

Андреева ја презема оваа функција од досегашниот Национален координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, кој ги водеше владините комуникации во периодот од август 2017 до денес.

За Ана Андреева од Владата велат дека има долгогодишно професионално искуство на извршни менаџерски позиции во сферата на комуникациите во маркетинг агенциите и во граѓанскиот сектор.

Забрчанец сепак останува во Владата и ќе работи на менаџирање процеси и проекти посветени на унапредување на регионалната соработка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ако не ни е јасно колкава е сиромаштијата, барањата за покривање на сметките за струја го покажуваат тоа

Следна објава

Светот воведува роботика, а матичните лекари кај нас се уште преговараат за капитацискиот бод