Зголемена казната за убиецот на младиот кошаркар во Ново Лисиче

Наместо три години затвор, убиецот на тенејџерот Никола Христовски од Ново Лисиче во затвор ќе ја отслужи казната една година повеќе. Ова е одлука на Апелацискиот суд кој реши да ја прифати жалбата на обвинителството кое сметаше дека првостепената казна била ниска.

Убиството се случи во август минатата година при пресметка на млади лица при што А.Т. (18) со нож го пробол 17-годишниот Никола Христовски кој набрзо подлегна на повредите. Првостепената одлука предизвика огромно незадоволство на социјалните мрежи и имаше протести од страна на граѓаните од Ново Лисиче но и пошироко од Аеродром каде не се прифаќаше малата казна за убиството на младиот кошаркар.

Во информацијата која ја објави порталот 24Инфо се наведува дека провостепената пресуда е преиначена само во делот на изречената санкција. Според судот, во таа насока од исказите на сведоците Ф. Р., Г. Ј., М. М., М. Г. и С. С., произлегува дека обвинетиот често доаѓал во населбата Ново Лисиче, дека тие тоа не го сакаат, дека обвинетиот вечерта претходно бил предупреден дека не е пожелен во нивната населба и да не доаѓа повеќе, но и покрај тоа тој критичната вечер повторно бил во населбата.

Апелација не ја прифати жалбата на обвинетиот дека во критичниот момент делувал во нужна одбрана, бидејќи во конкретниот случај нема пропорционалност меѓу интензитетот на нападот и реакцијата на сторителот при одбраната.

Претходна вестМајки на деца до шест години на протест, Филипче знае дека не им е лесно
Следна вестКонечно полицијата е поприсутна на улиците: Вчера казнети 379 возачи во Скопје