Тодор Чепреганов: Наши политички елити помагаат на Бугарите да го остварат она што не успеале 150 години

„Скопско Ехо“ праша што мисли универзитетски професор и историчар Тодор Чепреганов за бугарскиот меморандум упатен до земјите членки на ЕУ во кој се тврди дека Македонците се проект на Тито, а македонскиот јазик не постоел до 2 август 1944 година:

-Меморандумот од официјална Софија не е ништо ново и тоа е иста приказна од нашиот источен сосед. Бугарија сега настојува да го реализира она што не и успевало да го реализира во последниве 150 години. Но, сега во тоа им помагаат наши актуелни политички елити. Односно, им помагаат во тоа што залудно пред 150 години се обидуваа соседите со пропагандите во Македонија – да го разнебидат македонскиот идентитет – сега и да го остварат.

Ако сме самостојна и суверена држава со свое достоинство и самопочитување ние ова треба категорично да го отфрлиме и да кажеме дека со ваква политика не се живее во 21 век, истакна Чепреганов.   

Претходна вестНикола Жежов: 26 историчари пред 3 години предупредивме дека ќе се случи ваков бугарски меморандум
Следна вест22-годишен работник од Скопје загина во кумановска фабрика