Темен режим Режим на светлина

Зибери: Кожени ремени и метални синџири во психијатриските установи, болниците во катастрофална состојба

Кожени ремени, метални синџири со катанци и кабли, вакви нешта Народниот правобранител Насер Зибери затекнал при посетата на психијатриските установи во Македонија. Ваквите средства според него може да послужат за заплашување, малтретирање или друго несоодветно постапување со пациентите.

– При посетата на едно од работните одделенија на персоналот беа пронајдени кожени ремени за фиксација, за кои ни беше истакнато дека не се користат. Беа пронајдени и метални синџири со катанче, во друга просторија беше забележан цврст кабел, за што вработените немаа одговор зошто е таму, ниту која му е намената. Имајќи предвид дека ваквите средства може да послужат за заплашување, малтретирање или друго несоодветно постапување со пациентите, народниот правобранител особено ја нагласува забраната за чување и користење метални синџири на одделенијата и воопшто во болниците, вели Зибери.

Според него, двете психијатриски болници во Скопје и Демир Хисар, имаат сериозни недостатоци и препорача, надлежните, особено Министерството за здравство, да преземе соодветни мерки.

Лошата состојба, ненавременото примање на терапијата, недостигот од соодветен кадар, особено во ноќните часови, се дел од проблемите со кои се соочуваат психијатриските болница во Скопје и во Демир Хисар.

– Персоналот не може да воспостави ред, конфликтите меѓу пациентите се многу чести, забележани се физички напади меѓу пациентите, ситуацијата е алармантна. Нотирани се чести бегства од неколку дена до неколку месеци, а тоа е, пред сè, поради лошите услови во институциите, слабиот менаџмент и недостигот на соодветен кадар, нагласи Зибери.

За болницата во Демих Хисар истакна дека Целиот објект е во крајно лоша состојба, хигиената е на лошо ниво и потребни се итни мерки за целосно реновирање.

Според него, и двете болници имаат сериозни недостатоци и препорача, надлежните, особено Министерството за здравство, да преземе соодветни мерки.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Конечно, Мерко се огласи, не спомна оставка, само рече: Ќе бидам отворен, како и секогаш, за поддршка на правдата

Следна објава

Тетовец си свирел со хорна-сирена на мопед, полицијата му ја одзела