Темен режим Режим на светлина

Тетовец си свирел со хорна-сирена на мопед, полицијата му ја одзела

Одземена е хорна сирена којашто била поставена на мопед во сопственост на еден тетовец, соопшти полциијата.

МВР информира дека сирената била користена како сигнализација во сообраќајот по градот.

-Полициските службеници на СВР Тетово, вчеравечер, околу 23 часот, на улицата Илинденска во Тетово, запреле мопед со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 26-годишниот тетовец Л. Ј., а на кој била поставена звучна сигнализација (хорна-сирена). Звучната сигнализација му е одземена и се расчистува случајот, соопшти полицијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Зибери: Кожени ремени и метални синџири во психијатриските установи, болниците во катастрофална состојба

Следна објава
Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

Бензините поевтини, дизелот поскап за 0,50 денари