Во годината кога Бугарија го негира македонскиот јазик, тврдејќи дека е бугарски дијалект, УНЕСКО ја запиша 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески во календарот за значајни јубилеи во светот за 2021-ва година. На овој начин организацијата ќе помогне во уште една глобална афирмација на македонскиот јазик, наука и култура бидејќи Конески е кодификаторот на современиот македонски јазик.
Следната година се планира да се направи голема, меѓународна конференција во Прилеп и во родното место на големиот Конески – Небрегово.
Еве само еден од многуте прекрасни и поучни цитати од Конески:
-Послушајте Македонци! Бидете на штрек пред секакви ‘правни’ диверзии, од каде и да идат, со кои се фрла кал на нашите свети датуми и нашите постигања. За нас повеќе отколку за сите други во светот јазикот претставува, со сè што е на него создадено како говорен и пишуван текст, најголемо приближување до идеалната татковина, тој е заправо единствената наша комплетна татковина…