Темен режим Режим на светлина

103 години од раѓањето на Корчагин, во 1943 година бил убиен од бугарската полиција

Пред 103 години, на денешен ден, во Скопје бил роден Раде Јовчевски Корчагин, во скромно занаетчиско семејство. Неговиот татко Коста бил познат скопски чевлар.

Корчагин своето основно образование го започнал во месното скопско училиште и бил солиден ученик. Сакал да учи но заради сиромаштијата морал да се откаже и да го учи занаетот. Така почнал да го посетува училиштето за трговска младина како кожарски работник. Корчагин работел и изучувал занает цели три години, но откако завршил со обуката не успеал да најде работа во Скопје. Поради тоа заминал за Белград. Таму се зачленил во кожарскиот и крзнениот синдикат. Тогаш се стекнал и со прекарот „Корчагин“, по јунакот во романот „Како се калеше челикот“ од Николај Островски. Бидејќи се покажал како вреден и одлучен, бил назначен за секретар на синдикатот во 1938 година, а веќе во 1939 година станал и член на Комунистичката партија на Југославија.

Во Белград, од страна на полициските служби, Раде Јовчевски бил регистриран како Раде Јовчевиќ, кожарски работник од Скопје. Поради неговите идеали и делувања, не бил пожелен од страна на властите и истите наредиле да се врати во Скопје. Кога се вратил, станал член на Урсовиот синдикат и така успешно организирал десеттина масовни излети на Водно, Матка и други околни места.

Челниците и раководителите на КПЈ имале голема доверба во него. Така, во 1940 година станал професионален политички работник. Интересот на властите за Раде уште повеќе се зголемил и бил квалификуван како „опасен комунист“, „човек против кралот“ и со жар се барало истиот да биде затворен. Кога бил приведен од началникот на полицијата, Раде Јовчевски бил подолго време мачен со цел да се извади од него некоја информација. Сепак, тој бил одлучен и верен на својата партија и не предал никакви информации. Подоцна бил притворен уште најмалку двапати

На 20 февруари 1943 година, Корчагин бил предаден и убиен од бугарската полиција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Каде исчезна забраната за точење алкохол на малолетници?

Следна објава

Не поминува ноќ да нема возачи со промили: 103 санкционирани викендов во алкохолна состојба