Околу 45 милиони евра ќе и даде државата на компанијата што ќе ја гради фабриката за електрични возила во Тетово

Компанијата што ќе ја гради фабриката за електрични возила ќе земе околу 45 илјади евра државна помош, вели директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски во интервју за Плус инфо.

Деспотовски тврди и дека компанијата нема да користи даночни и ослободувања за придонеси. За бруто платите на речиси 900 вработени кои, како што се тврди, ќе бидат до 2,5 пати поголеми од просечната плата во државата, ќе се користат околу 15 отсто од државната помош.

Инаку за Деспотовски и за целата влада вчера присутна на церемонијалното фрлање лопата во знак на почеток на градењето на фабриката, немаше можност за прашања бидејќи на новинарите не им беше дозволено. Владата речиси и да не зборува за тетовската компанија што ќе ги земе парите за изградба.

Претходна вестМицкоски: Сега е првиот браник, а тоа е непроменливоста на Уставот
Следна вест„Носферату, симфонија на стравот“ е филмот кој ќе го отвори фестивалот за нем и класичен филм