Не толку мирен „Фестивал на мирот“: Инциденти и пријави од журката кај Скендербег

Саботниот „Фестивал на мирот“ по повод потпишувањето на Охридскиот договор пред 21 година, на плоштадот кај Скендербег, како што беше насловен од првиот вицепремиер Артан Груби- и не помина баш мирно. Освен скандалозното исвиркување на водителката кога во еден момент почна да зборува на македонски јазик, се случиле и неколку други инциденти што биле уште истата ноќ пријавени во полиција.

Деветнаесетгодишно момче од Студеничани во толпата млади во публиката бил нападнат од тројца.

-На 14.08.2022 во 03:20 часот во Полициска станица Бит Пазар А.И.(19) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека на 13.08.2022 околу 23:30 часот, додека присуствувал на концерт на плоштадот Скендербег, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од три лица, се вели во соопштението од МВР.

39-годишна мајка пак, пријавила дека додека траел концертот нејзината малолетна ќерка е повредена со тврд предмет.

-На 14.08.2022 во 02.50 часот во Полициска станица Бит Пазар, Б.Ш.(39) од Скопје пријавила дека на 13.08.2022 околу 23.00 часот на плоштад Скендербег, едно лице фрлило со тврд предмет којшто ја погодил нејзината малолетна ќерка, стои во соопштението.

И во двата случаи МВР порачува оти работат на расчистување на случајот.

Претходна вестПосле дождот, сонце – нова седмица, нова временска прогноза
Следна вестНови цени на горивата денеска, се чека одлуката на РКЕ