Темен режим Режим на светлина

169 санкционирани возачи во Скопје, 39 возачи на мотоцикли

На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои и 39 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

За возење повеќе од дозволената брзина имало 39 санкции и 20 мерки за возење под дејство на алкохол.

-Изречени се пет мерки за користење на мобилен телефон, 13 санкции за возење без возачка дозвола, осум мерки за возач почетник, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за некористење сигурносен појас…, се наведува во соопштението.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд

Следна објава

ВМРО-ДПМНЕ: Службеници на Владата се преправале дека се новинари